Од денес во следните две недели сите странци без право да престојуваат во Грција треба бидат вратени во Турција. Тоа е дел од историскиот договор меѓу Европа и нашиот јужен сосед, постигнат пред неколку дена во Брисел. Координацијата на враќањето на бегалците е доверена на холандскиот економист Мартен Вервеј, генерален директор на Советот за поддршка на структурните реформи во Европската комисија. Тој ќе насочи вкупно 4.000 лица помошен персонал – преведувачи, гранични полицајци, судии и обвинители, со кои ќе се олесни тешкиот процес.

20160320.cgbldfaglq

Сеуште не е јасно како ќе биде организирано враќањето на мигрантите во Турција и кои ќе бидат првите што ќе стартуваат назад. Не е јасна и судбината на импровизираниот бегалски камп во Идомени на грчко-македонската граница, каде што над 15 000 лица немаат намера да се вратат доброволно назад. Слични се и ставовите на околу 5.000 мигранти на пристаништето во Пиреја.

Иако е постигнат договор меѓу Турција и Европската унија, во последните денови приливот на бегалци со илегални чамци не запира. Само за ден турските власти успеаја да задржат 1.300 лица во обид да заминат нелегално кон грчките острови во Егејот.

Според последните податоци во Грција има над 46 000 странци кандидати за бегалски статус во Европа.

Слични содржини