Аеродромот во Приштина од синоќа е времено затворен откако авион на турската компанија „Туркиш Ерлајнс“ ја промаши пистата при слетување по дождливото време.turkish-erlajns-415x260

Портпаролката на приштинскиот аеродром Валентина Гара изјави дека во авионот, кој полетал од Истанбул, се наоѓале 143 патници и осум членови на екипажот, но никој не е повреден.

Таа додаде дека аеродромот ќе биде затворен се додека не се изврши техничка контрола со цел да се утврди причината за овој мал инцидент. Засега се откажани три летови

Слични содржини