Договорот од Пржино е вистинскиот пат за излез од политичката криза, велат од Амбасадата на САД за ТВ”Alsat-M”. сад

„Како и Европската унија, ние целосно го поддржуваме спроведувањето на договорот и сме ангажирани да ù помогнеме на Македонија при неговата имплементација. Жал ни е што четирите политички лидери не успеаја вчера да постигнат консензус за отворените прашања, особено во однос на датумот на изборите и медиумите. Ние ќе останеме и понатаму во контакт со партиите и институциите. САД сакаат Македонија да успее и начинот за да го направи ова е преку веродостојни избори. Тоа ќе бара од сите четири политички партии да донесат тешки решенија“, наведуваат од американската амбасада

 

Слични содржини