Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија Хојт Ји, како што е најавено, денеска во Скопје ќе разговара со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

936F57AF-4A1C-47C1-B68D-BC2A87504DA7_w640_r1_s

Тој по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски изјави дека власта треба да се посвети подеднакво сериозно на содржината на прислушуваните разговори, колку што ги зема сериозно обвинувањата против лидерот на опозицијата Заев.

„Ние ја повикавме владата и нејзините институции да ги земат обвинувањата и инсинуациите за злоупотреби на службената должност, за можното незаконско однесување, многу сериозно, најмалку толку сериозно како што владата ги зема обвинувањата против лидерот на опозицијата, господин Заев“, рече Хојт Ји, по разговарите  за кризата која настана по објавувањето на аферата „Пуч“ и „Прислушување“.

Американскиот висок претставник рече дека важен аспект на кризата е правната постапка што се води за прислушувањето, но исто така важен аспект на кризата за кој разговарале се информациите што беа откриени преку снимките што беа објавени.

Осврнувајќи се врз опозицијата, Хојт Ји изрази надеж дека таа ќе може да се врати во Парламентот што е можно поскоро за да ја одигра демократската улога за која е избрана, не прецизирајќи дали мисли на нови избори и нов парламент.

Тој додаде дека ја пренел пораката оти Соединетите држави се силни поддржувачи на македонските евроатлански интеграции. Хојт Ји вчера имаше средби и со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Слични содржини