Менаџерот на Работнички, Игор Ангеловски на прес-конференцијата по мечот со Рубин потенцираше дека е задоволен од залагањето и учинокот на своите фудбалери коишто и покрај елиминацијата, не разочарале на реванш средбата од плеј-оф рундата за Лигата на Европа.

116378

– Горд сум на моите фудбалери. Загубивме, но не разочаравме. Му честитам на Рубин за пласманот во групите од ЛЕ. Во првото полувреме противникот беше многу подобар, постигна гол иако Божиновски беше одличен на нашиот гол. Во второто полувреме притиснавме согласно желбата за израмнување, имавме одлична можност преку Чума Анене но не ја искористивме. Но, тоа е фудбалот“ изјави Ангеловски.

Тој се осврна и на финансиската моќ на противниците со коишто играше работнички во ЛЕ.

-Уште еднаш ќе потенцирам дека фудбалерите на Работнички оваа сезона одлично одиграа на европската сцена. За разлика од руските екипи ние немаме мултимилионски буџет. Ние произведуваме фудбалери и ги продаваме во Европа, истакна Ангеловски.

Во претходното коло Работнички го елиминираше прескапиот Трабзон од Турција/МИА

Слични содржини