“Атлетико” (Мадрид) и “Барселона” ќе упатат апел за поддршка на бегалците. Фудбалерите на двата тима ќе излезат на натпреварот меѓу себе вечерва со специјални маици.

zx450y250_2608607

На нив ќе пишува “Помош за бегалците”, а натписот ќе е на шпански и англиски, соопштува Мадридскиот “АС”. Пред средбата играчите ќе се снимаат и со транспарент со истото послание.

“Атлетико” и “Барселона” се приклучија на кампањата за собирање средства за сириските бегалци. Двата клуба ќе ги повикаат поддржувачите исто така да се вклучат.

Неодамна “Реал” (Мадрид) објави дека ќе донира 1 милион евра за бегалците. Белите истакнаа дека се верни на своите принципи, сакаат да помогнат “на гладните, жените и децата, кои биле принудени да ги напуштат своите домови за да избегаат од војната и смртта”.

“Баерн” и ПСЖ исто така, рекоа дека ќе донираат по 1 милион евра.

“Порто” предложи учесниците во групите на Лигата на Шампионите да одделат по 1 евро за секој купен билет за првата задолжителна средба.

Слични содржини