BBC: Српски воз предизвика ескалација и тензии со Косово

од Vladimir Zorba

Произведениот во Русија воз,  бил разубавен со огромни слики на српски православни икони

Косово спречи српски воз да ја помине границата меѓу двете земји, откако беше обвинет дека се подготвува да дигне пругата во воздух , пренесе BBC.

Првиот воз од Србија за северно Косово беше пречекан од Србија како важна транспортна врска. Од таму најавија дека напишаниот  слоган “Косово е Србија” на возот претставува обележување на културното наследство.

ВУЧИЌ : КОСОВАРИТЕ ПРОБАЛЕ ДА ЈА МИНИРААТ ПРУГАТА ПА ДА ИСПРОВОЦИРААТ СУДИР !

Косово, прогласи независност од Србија во 2008 година, а возот  се смета како чин на провокација.

Произведениот  во Русија воз, бил разубавен со огромни слики на српски православни икони од познати манастири во Косово, а стјуардесите бике  облечени во српските национални бои.

“Тоа е како подвижна изложба претставување на  нашето културно наследство”, објави пред поаѓањето од Белград, Марко Ѓуриќ, директор на српската владина канцеларија за Косово.

Слични содржини