И доколку Собранието се распушти на 24 февруари, ќе биде предоцна да се обезбеди дополнително време, неопходно за да се обезбеди веродостоен Избирачки список. Некои може да тврдат дека можно е да се најде пократок пат за да се прочисти Избирачкиот список на време, но скратените патишта не се одговор кога станува збор за основното демократско право – правото на глас, вели во интервју за Гласот на Америка, американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли.бејли

– Лидерите веќе разговарале за 5 јуни, како можен алтернативен датум за изборите. Одлуките за одредување на датумите за избори се секогаш одговорност на Собранието. Имајќи го ова предвид, доколку сите работат напорно и ги почитуваат правилата, не гледаме никаква причина зошто не би можело да се организираат кредибилни избори на 5 јуни – вели Бејли.

Тој вели дека повеќе веродостојни пријавени случаи покажуваат широко распростране практика на високи државни службеници кои бараат од своите подредени да обезбедат списоци на лица кои ќе гласаат за одредена политичка партија, или пак да се вклучат во други политички активности.

– Г-динот Ванхауте игра клучна улога во имплементацијата на реформите што беа спроведени во согласност со Договорот од Пржино, вклучувајќи го тука и ревидираниот изборен законик и постигнувањето на договор помеѓу партиите во врска со назначувањето независен обвинител кој ќе истражува кривични дела што се поврзани со или произлегуваат од незаконското следење на комуникации. Нападите врз него се длабоко разочарувачки – вели Бејли.

Според негови информации, како што рече, ДУИ има јавно кажано дека нема да учествува на избори на 24 април. И други партии дадоа слични изјави, додава тој.

 

Слични содржини