bc99211467ccff0c4efc90b96ca36fe5
Премиерот на Белгија Шарл Мишел ги повика британските компании кои сакаат да тргуваат во ЕУ, да се преселат во неговата земја по Брекзит, пренесе Ројтерс.
Тој рече дека анкетата на јавното мислење покажа дека секоја петта британска компанија мисли да се премести на друго место по резултатите од референдумот за Брекзит.
Белгија има пријателско расположение кон бизнисот . Постојат многу можности за инвестиции во Белгија. Ние сме во срцето на Европа, рече Мишел.
Истовремено локалните власти на холандското гратче Мастрихт ги поканија Британија и ЕУ да преговараат таму за Брекзит. Поканата се испраќа 25 години, откако во Мастрихт беше потпишан договорот за ЕУ ​​и за заедничката европска валута, пренесе Франс прес.

Слични содржини