Постојат сомневања дали осомничениот Пакистанец што е во притвор е возачот на камионот што вчера влета на божиќен пазар во Берлин и уби најмалку 12 луѓе, изјави Клаус Кандт шеф на полицијата во Берлин.

– Засега е нејасно дали осомничениот бил возач на камионот, изјави Кандт на прес конференција.

Во нападот извршен вчера голем камион влета на божиќен пазар на фрекфентна улица во Берлин и притоа загинаа 12 луѓе и најмалку 48 се повредени.

Мажот (23) идентификуван како Пакистанец кој бара азил во Германија беше приведен по нападот и според германски медиуми, негира вмешаност.

– Имаме погрешен човек и поради тоа има и нова ситуација. Вистинскиот извршител е се уште вооружен и може да направи нова штета, објави Велт цитирајќи извор во германската полиција.  Другиот осомничен, маж со полско државјанство кој бил совозач е пронајден мртов во камионот./MИА

Слични содржини