Според поранешниот француски министер за надворешни работи Бернар Кушнер, Европа има колективна одговорност за загинувањето на стотината мигранти во Медитеранот.

– Во овој случај, Европа е крива што не им помогна на луѓето во неволја, изјави основачот на “Лекари без граници“.

Според него пред се треба да се формира европска спасувачка флота со по еден брод од секоја од 28-те членки на ЕУ.

Притисокот врз Европа, да ги отфрли антимигрантските предрасуди и да обезбеди средства за да им се помогне на луѓето кои бегаат од војните во Сирија, расте по последната трагедија, во која се преврте брод со 950 мигранти во медитеранските води./извор НоваТВ

Слични содржини