Бесното куче станува шеф на Пентагон

од Vladimir Zorba

image_5911631_126

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп го назначи пензионираниот генерал Џејмс Матис, со прекар Бесното куче, за министер за одбрана, пренесе ББС. Матис е поранешен маринец, служел во Ирак и Авганистан. Познат е како познат непријател на блискоисточната политика на актуелниот претседател Барак Обама.
“Ќе назнаќам Бесното куче Матис за министер за одбрана. Тој е најдобар “, изјави Трамп на митинг во Синсинати, Охајо, каде ја започна турнејата” во САД”66-годишниот ерген Матис јха завршува својата воена кариера како шеф на Централната команда на САД од 2010 до 2013 година . Администрацијата на Обама го праќа во пензија најмногу поради крајните новиег позиции во однос на Иран и исклучително провокативните изјави. Другиот познат прекар му е воениот монах. Тој раководел со операциите на САД во сите жариштата на светот. “Биди внимателен, но треба да си подготвен да убиеш некој кого ќе сретнеш”, велел Матис на подредените во Ирак.
“Пред терористите има само еден пат кон пензијата”, е друга негова крилата фраза. За назначувањето на Матис ќе треба да се побара специјална дозвола од Конгресот. Според американското законодавство еден генерал мора да почека најмалку 7 години по напуштањето на активна служба, пред да заземе министерска позиција. За време на својот говор во Охајо Трамп изјави дека неговата администрација ќе се стреми кон стабилност во целиот свет, а не кон соборување на владите на странски држави. Тој потсети дека САД потрошиле 6.000 милијард долари за Блискиот Исток. “Целта ни е стабилност, а не хаос. Сакаме да ги зачуваме во својата земја “, посочи Трамп. Магнатот објави дека фирмите кои бегаат од САД, за да произведуваат поевтино ќе си понесат последиците. Тој се закани да им наметне повисоки царини, додека корпоративното оданочување на преостанатите во САД ќе биде намалено од 35 на 15%.

Слични содржини