Џастин Бибер едноставно не може да се држи настрана од неволји. Пејачот е на пат да се претвори во најголем редовниот “клиент” на судот, кој наскоро повторно ќе го посети, овој пат поради скршен телефон.07c7f89bae7ec44fcf0a3e55dbc0c59a

Роберт Морган поднесе тужба против 22-годишната ѕвезда за скршен телефон, барајќи надомест во износ од 100 000 долари.Според него пред еден месец Бибер го скршил жестоко мобилниот уред во ноќен клуб во Хјустон, Тексас, соопшти TMZ.

Морган настојувал за големата сума, бидејќи Џастин уништил бесценети спомени и слики на мажот, вклучувајќи над 5.000 слики од неговите авантури и кадри од 100 годишнината на неговата баба.

Жртвата тврдела и дека во уредот имало важни деловни контакти кои немало како да ги поврати.

Слични содржини