Претставник на германската полиција вечерва соопшти дека полицајци во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, пронашле уште едно тело, со што билансот на загинати се искачи на девет.1469216641-min (1)

Според истиот извор, во тек е проверка со цел да се утврди дали можеби телото му припаѓа на учесник во нападот.

Полицијата првично соопшти дека трага по тројца вооружени лица за кои се претпоставува дека го извршиле нападот во трговскиот центар „Олимпија“, меѓутоа Дојче веле, повикувајќи се на полициски извори јави дека се претпоставува оти во нападот учествувале „најмногу три лица“, но дека не е исклучено да станува збор само за еден напаѓач.1469206719-see-copy

Телевизијата НТВ во меѓу време јави дека на барање на властите на Минхен во градот е активирана антитерористичката мрежа ГСГ 9, процедура која опфаќа активности за спречување на терористички акти и за изведување на антитерористички операции.

Мрежата е воспоставена по нападот на палестински терористи врз израелските спротисти за време на Олимписките игри во Минхен во 1972 година

Слични содржини