Бред Пит и Анџелина Џоли го продаваат имотот во Јужна Франција

од Vladimir Zorba

Холивудските ѕвезди Бред Пит и Анџелина Џоли, кои се во процес на развод, продаваат скап недвижен во Франција, објавија локалните медиуми. 5129391Актерите ќе се разделат со “Шато Пис“ во Јужна Франција, што е нивна сопственост од 2012 година и досега го изнајмуваа во текот на летото.

Зградата со 35 соби, паркови, лозови насади и студио, беше стекната за околу 60 милиони долари.

Шато Пис стана светски познат откако во 2014 година Пит и Џоли се венчаа таму. Во јуни, медиумите објавија дека Џоли сака да го продаде имотот, за да има средства за “продолжување на политичката кариера во Лондон”, но нејзиниот сопруг бил против.

Откако го купија Шато Пис, Пит и Џоли почна да продаваат вино од локално грозје, кое стана многу популарно, бидејќи на етикетата на шишињата стоеја нивните имиња.

Слични содржини