Агенцијата за истражување на јавното мислење, на барање и во соработка со неделникот „Република“, во периодот од 30 јануари до 4 февруари 2016 година спроведе теренска анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.
Резултатите покажуваат огромна поддршка и повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ спрема СДСМ, односно доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.

Падна на Управен суд одлуката за задолжување на стариот состав на ДИК

zaev gruevski
На ова реагираа од СДСМ. Од таму велат:
„Се поголемата поддршка за СДСМ и лидерот Зоран Заев предизвикува страв и нервоза кај ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Како што вртоглаво се намалува поддршката од граѓаните за Никола Груевски така му се потребни се поголеми бројки во нарачаните анкети.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја загубија поддршката од граѓаните.

Корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се крие со помош на медиумскиот мрак. Затоа 20 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во провладините медиуми, за три години.

Вистинската порака од граѓаните Никола Груевски ќе ја добие на изборите коишто ќе бидат фер, слободни и демократски.

Ниедна нарачана анкета нема да го спаси Никола Груевски од пораз и одговорност за целокупниот криминал и корупција во изминатите 10 години“, велат од СДСМ.

Слични содржини