Европската комисија (ЕК) не знае од каде дошле мигрантите кои се обидуваат да навлезат во тунелот под Ла Манш, но е подготвена да и излезе во пресрет на Франција со финансиска помош во борбата со нив, соопшти портпаролката на ЕК Мина Андреева.

2110856358

“ЕК ја следи ситуацијата во Кале. Знаеме дека таа се усложнува. ЕК целосно ја поддржува соработката меѓу Франција и Велика Британија во решавањето на овие проблеми и е подготвена да покаже финансиска помош на француските власти”, рече Андреев.

На прашање на новинар од каде доаѓаат мигрантите кои “упаднаа” тунелот, таа рече дека не располага со такви информации.

Слични содржини