Европската комисија сака да го направи еврото попривлечно за членките на ЕУ, кои се уште не ја прифатиле европската валута, порача денеска еврокомесарот за економија Пјер Московиси.

Намерата е ЕУ да биде уште посилна по излезот на Велика Британија. Предлогот ќе биде објавен следната недела, а согласно разгледувањето на иднината на Еврозоната, што е дел од настојувањето да се оживее Унијата, без разлика на Брегзит и растот на евроскептицизмот.

Членките на ЕУ, освен Велика Британија и Данска, се обврзаа да го прифатат еврото, но нема рок кога тоа да се направи. Московиси објасни дека земјите членки треба постепено да напредуваат кон усвојување на еврото како валута, а ЕК нема овластување да ги принуди на тоа.

Во некои држави од Унијата јавноста е против воведување на еврото. Во Полска, на пример, 57 отсто од граѓаните се против воведување на еврото, додека мнозинството Хрвати, Унгарци и Романци се за негово прифаќање/МИА

Слични содржини