Министерот за одбрана Николај Ненчев рече дека не се предвидува бугарски војници да учествуваат во т.н. предно распоредување на сили на НАТО во балтичките земји и Полска.Станува збор за одлуката што Алијансата ја донесе за распоредување на четири баталјони во Полска и балтичките републики.

655-402-bylgarski-voenni
“Не се предвидува, ако ме прашате за предно распоредување. Не го коментирам ова прашање и не се предвидува Бугарија да учествува под каква и да е форма, односно таму водечка улога имаат таканаречени рамковни држави кои ја преземат својата одговорност, а што се однесува до црноморскиот регион не само генералниот секретар, но и голем број на други колеги изразија загриженост во однос на црноморскиот регион и недостатокот на безбедност таму “, изјави Ненчев пред новинар на БНР во Вършава.
Министерот допушти повеќе засилено присуство на НАТО во Црното Море, но и прецизира дека темата допрва ќе биде разгледувана во октомври на средбата на министрите за одбрана.
“Според еден договор, договор од Монтро, туѓи бродови не можат да присуствуваат повеќе од 21 дена во акваторијата на Црното Море, па ако има ваква иницијатива, што најверојатно ќе се случи, тогаш тоа ќе биде извршено со ротацијата” , појасни тој.

Едно од решенијата на сегашната средба на врвот на НАТО во Варшава е во октомври да биде разгледано како Алијансата да го зголеми присуството од воздух и море во регионот на Црното Море.

Слични содржини