Бугарските студенти кои во 2013 ги окупираа универзитетите барајќи оставка од владата поради сомненијата дека нејзини високи претставници соработуваат со мафијата преку редакцијата на НОВА испратија писмо со поддршка за акцијата на Студентскиот пленум.

Во прилог го пренесуваме интегралиот текст на оваа писмо.photo_verybig_1166630

Писмо до македонските студентите
Ние сме Солидарни со вашата борба за автономија на универзитетите и учеството во креирањето на новиот закон за високо образование.

Вие барате универзитетите да бидат бастион на критичната мисла. Со окупацијата вие веќе направивте огромен скок кон таа цел. Вие не само што ги ослободувате универзитетите туку и општеството. Вашата борба е пример. Бидете единствени. Вие имате ваша политика а политиката бара решенија. Идеите за тие решенија често ги разделуваат луѓето но не дозволувајте да се делите на табори. Нај важно е да се обединети. Ќе ве победат само ако ве разделат.

Вие сте во вонредна состојба. Тоа што ќе го направите со окупацијата денеска ќе го паметите цел живот.

Вие сте веќе субјект на борбата. Власта се плаши од вас. Тоа што ќе го кажете и ќе го напишете денес има повеќе значење од порано.

Ова се лекции кои бугарските студенти ги научивме пред неколку години. Кога храбрите ќе застанат напред за да ја заштитат слободата и автономијата на сите, наша задача е да бидеме Солидарни.

Бугарските студенти се со вас!

#ПоздравПленумци
#Автономназона

Слични содржини