Новоизбраниот потпоретседател на ХДЗ, Олег Бутковиќ, изјави дека доколку Томислав Карамарко не остане прв потпретседател на хрватската Влада „ќе следат избори“,јави Танјуг.h_52358203

Хрватскиот портал индех.хр пренесе дека Бутковиќ ова го кажал по вчерашните избори за Саборот на ХДЗ кога беше запрашан каков ќе биде ставот на новото Претседателство на оваа партија за Карамарко и може ли тој да остане прв потпретседател на Владата во Загреб.

-Томислав Карамарко мора да остане прв потпретседател на Владата, бидејќи само така е можно продолжување на работата на оваа влада. Во спротивно, следат предвремени избори, рече  Бутковиќ.

Бутковиќ, кој е избран за потпретседател на ХДЗ со најголем број гласови од делегатите, исто така, изјави дека се надева дека Мост на вицепремиерот Божо Петров ќе се предомисли околу предлогот за изгласување недоверба на Карамарко.

– Доколку има памет, ќе се предомислат, рече Бутковиќ и додаде дека смета дека продлжување на соработката со Мост е важно за владата во која тој е министер за сообраќај.

Слични содржини