„Жителите на Дебар маало не дозволуваат да се упропасти душата на Скопје – Градски трговски центар. На средбата со градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, неговите соработници и директорот на ЈП ПОЦ Саша Богдановиќ јасно порачаа дека ќе излезат на 26 април за да го дадат својот глас за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ“, соопштуваат од Општина Центар.

Dane Krapcev 3

Жерновски ги замоли сите жители на Центар да го искористат своето право и од 07:00 – 19:00 часот, в недела на 26- ти, на истите избирачки места, каде што гласаат на парламентарни, претседателски и локални избори да дојдат и да го кажат својот став за ГТЦ.

 

„Ова е историска работа бидејки во Центар за прв пат се одржува референдум. По ова во општина Центар ќе имаме референдуми за сите битни прашања кои ги засегаат граѓаните. Референдумот е за да се исправат погрешните политики на властите“, рече Жерновски./извор А1Он

Слични содржини