Чак Бери издава нов албум по 38 годишна пауза

од Vladimir Zorba

Пионерот во рокенрол музиката Чак Бери, кој неодамна наполни 90, соопшти дека следната година ќе издаде нов албум … по речиси 4 децении пауза. 5129820Иако со “благо” задоцнување од 38 години новата лента ќе биде своевидно продолжение на издадениот во 1979 година албум “Rock It“ и ќе ја вклучува соработката со неговите две деца.

Претстојниот бокс сет на Бери со едноставен наслов “Чак” нема сè уште закажан датум за рилиз, но ќе вклучува главно сосема нови песни целосно напишани и продуцирани од Бери.

Од официјалното соопштение на гитаристот станува јасно дека претстојниот проект е специјално посветен на неговата 68-годишна жена Темета, а се навестува и дека тоа ќе биде завршниот албум во неговата кариера.

Слични содржини