Ги снимаат демонстрантите, снимаат полициски акции, а сега влегоа и во судот да снимаат рочишта. Ова е скандалозно и е доказ дека МВР и министерот Митко Чавков не ги почитуваат законите и дека судот е на колена, вели за „Мета“ адвокатот Звонко Давидовиќ, запрашан за коментар за денешниот обид на тројца припадници на МВР да го снимаат рочиштетот од случајот „Фабрика за афери“. Давидовиќ вели дека припадник на МВР не смее да внесе ни оружје во судот, а камоли камера и да снима.

caush

– Се знае кој издава дозвола за снимање во судница, тоа е Врховниот суд, а се однесува на новинарите, снимателите и фоторепортерите. Припадници на МВР нема што да бараат во судница, а камоли да снимаат. За спроведвањето и обезбедувањето на обвинетите е задолжена затворската и судската полиција, кои се под надлежност на Министерството за правда, а не под МВР. Ова е скандалозно. Службеници на МВР може по барање на судот да го озбедуваат објектот надвор, но никаков внатре. Никој не може да дада дозвола на МВР да влезе и да снима во судница, ниту претседателот на судот, никој – вели Давидовиќ.

Во судот  денеска исказ дадоа и обвинетите Захир и Имер Беќири. Захир рече дека, по 18 декември минатата година, кога полицијата извршила претрес во нивниот дом, бил телефонски контактиран од заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, и дека добил парична понуда.

Понудата, како што Захир, била 1 милион евра понудени од страна на ирански државјанин Мајкл Цирик, осомничен како агент на иранските служби, кој живее во Струмица, и е близок до актуелната власт, па според тоа требало да прифати да соработува  против Зоран Заев за прислушуваните материјали и за аферата со фалсификувањето на личните карти. Захир потврди и  дека бил под континуирана закана.

Обвинетите браќа Бекири рекоа дека добиле барање и од страна на УБК да прифатат соработка против Заев за аферите за кои што се обвинети. Судењето продолжува в понеделник.

Слични содржини