Бројот на мигранти што транзитираат преку т.н. западно-балканска рута, која минува и низ територијата на Македонија, е ограничен и не треба да надминува 3.000 мигранти дневно, изјавил меѓу другото, заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, во рамките на третата работна сесија на Салцбург-форумот што се одржува во Софија, Република Бугарија.

cavkov

Чавков рекол дека спроведувањето на мерките од оваа новонастаната состојба ќе биде многу тешко доколку Грција не се „ангажира вистински“ и не го намали бројот на мигранти што се препраќаат во Македонија, а кој во моментот, според заменик-министерот, изнесува од 7.000 до 9.000 мигранти дневно.

„Катимерини“: Македонија почна да крева ограда на границата со Грција

„Земајќи ја предвид новонастанатата состојба со редуцирање на бројот на мигранти што транзитираат на западно-балканската рута и кои не треба да бидат повеќе од 3.000 дневно, како и тоа дека во Република Македонија од јужниот сосед секој ден доаѓаат помеѓу 7.000 – 9.000 мигранти, Чавков истакна дека менаџирањето на оваа состојба ќе биде многу тешко без вистинко ангажирање на грчките власти, во насока на намалување на бројката на мигранти што се препраќаат кон Република Македонија, како и итно и неодложно активно учество на сите европски институции, пред сè, на Фронтекс и на Европол, во делот на брзо и неодложно ставање во функција на т.н. пунктови (Hot Spots) во Грција и во Италија“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Заменик-министерот нагласил и дека службеници на МВР се на терен и настојуваат да идентификуваат и да регистрираат што поголем број мигранти и дека се преземаат засилени мерки против трговијата со луѓе и со  илегалниот транспорт на мигранти.

 

META

Слични содржини