Четири вагони со мигранти синоќа  стасаа во Куманово. Помагачите на мигрантите ги замолуваат граѓаните на Куманово да ги пречекаат , да им пружат помош ако бараат  да и дадат лекови против болки и да ги упатат до џамијата каде можат да преноќат.

11401040_835396873211394_7182236565458612803_n

Како локална самоуправа, не можеме да сториме ништо за о вие луѓе, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово кој оствари посета на мигрантите во џамијата во Куманово која е претворена во сместувачки центар

– Градот се соочува со голема хуманитарна катастрофа. Секој ден овде врват околу 1000 мигранти. Луѓето се соочуваат со големи проблеми, и затоа денес дојдов како граѓанин, а не како градоначалник, за да видам што се случува. Во вакви колективни центри, можно е да се очекува појава на епидемија па дури и криминални дејанија. Не можеме да пружиме помош како локална самоуправа, но како граѓани можеме и затоа денес донесовме пакети. Во ист правец, напоменувам дека нашата самоуправа нема мандат ниту да свика кризен штаб, истакна Дамјановски.
Активистите на граѓанските здруженија испратија апел до сите добронамерни граѓани да донесат помош во вид на лекови и храна и пелени за бебиња, за да на мигрантите барем на неколку часа им се помогне со укажување прва помош.11425152_835397449878003_475709061439313178_n

Во кумановската џамија престојуваат и мигранти кои се ограбени и малтретирани на патот кон северната граница и кои немаат средства да заминат. Според кажувањата на активистите, бремените жени кои вчера  се жалеле на болки и мачнини, биле вратени од Одделот за гинекологија и препратени во Ургентниот центар каде општ лекар им го измерил притисокот, но без давање упат за гинеколошки прегледи.

Фотографијата е преземена од профилот на Фејсбук „Да им помогнеме на мигрантите“, каде и можат да се добијат повеќе информации и апели во врска со мигрантите, кои се се поприсутни во Македонија

Слични содржини