Вооружен маж беше убиен откако отворил оган врз два воени објекта во американската држава Тенеси во четвртокот и убил четворица маринци, соопштија светските агенции.

zx450y250_2574370

При нападите биле повредени три лица.

Претставник на локалното обвинителство рече дека нападите во градот Чатануга се сметаат како “акт на домашен тероризам”. Подоцна ФБИ соопшти дека не открило ништо што го поврзува 24-годишниот маж со меѓународни терористички организации. Тој е идентификуван како Мухамад Јусеф Абдулазиз.

zx450y250_2574371
Пентагон потврди дека четворица маринци беа убиени во престрелката. Претседателот на САД Барак Обама е известен за случајот.

На прес-конференцијата ФБИ објави дека продолжува да се обидува да утврди кој бил мотивот на напаѓачот, .

Според локалните медиуми Мухамад Јусеф Абдулазиз бил натурализиран американски државјанин, роден во Кувајт. Претстои аутопсија на телото . Засега имињата на четворицата жртви не се објавени.

Слични содржини