Усвојувањето  на амандмани на законот за посебниот статус на Донбас, од украинската Рада, го поткопува договорот во од Минск и е сигнал за капитулација до сепаратистите  , што се заканува со повторна  војна во Украина, а исто така и  поттик кон нуклеарно противење на Русија и САД.

20150320.eqfdyzmzzk

 Ова е мислењето на американскиот новинар Роберт Пери објавено  во изданието Consortiumnews.Новинарот смета дека украинските власти  “додале отров” во законот за реализација на  договорот од Минск , што гарантира возобновувањето на граѓанската војна. “Договорите од Минск повикуваат на дијалог со претставниците на териториите на ДНР и на ЛНР на патот кон изборите и обезбедување на автономија. Но Киев неочекувано се откажа од дијалогот и побара да воспостави контрола над овие територии. Во суштина Киев сака  капитулација од сепаратистите “- пишува Пери.

Авторот на статијата смета дека шемата “одново капитулација – после преговори” ќе  ги стави под сомнение силите на канцеларот Ангела Меркел да покаже отпор на американските неоконсерватори кои сакаат да имаат корист од украинската криза за да  ја изолираат Русија и стават  „ клин“ меѓу Путин и Обама. На 17 март украинската Рада донесе закон за посебниот статус на Донбас, но го придружи со амандмани  за одложување  на стапувањето во сила до спроведување во Донбас на локални избори.  ЗАконодавната Рада, исто така, ја посочи официјалано  оваа територија како “привремено окупирана”.

Слични содржини