Дачиќ: Изборите во Косово се од витално значење за Србите

од desk2

Техничкиот премиер на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека денешните избори во Косово „се од витално значење за српскиот народ, кој единствено може да си го обезбеди својот опстанок“.

„Албанските власти во Приштина се во потрага на Срби кои ќе им помогнат во градење на независна држава. Затоа е од суштинско значење Србите во голем број да излезат на изборите и да гласаат за Српската листа, која единствено ја има поддршката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и српската влада”, рече тој, цитиран од српските медиуми.

Во Косово денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, на кои учествуваат 26 политички субјекти, од кои пет српски.

Правото на глас има 1.872.951 гласачи, од кои повеќе од 155.000 гласаат за прв пат. Гласањето е на 889 избирачки места, под надзор на речиси 30.000 локални и меѓународни набљудувачи.

Слични содржини