Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу ја повика Русија да го почитува турскиот воздушен простор, велејќи дека неговата земја нема „да прави никакви отстапки” за прашања кои влијаат на безбедноста на нејзините граници, пренесоа американските медиуми.

6A68ABAA-0141-49FF-8505-D73F6B5FECEF_mw1024_s_n

Давутоглу повторно ги критикуваше воздушните напади на Русија против Сирија, нагласувајќи дека тие ги загрозуваат целите на умерената сириска опозиција и ја засилуваат  „Исламска држава”.

Турскиот претседател изјави дека не сака сирискиот конфликт да се претвора во криза меѓу НАТО и Русија. Тој инсистираше Москва да ги почитува позициите на Турција во однос на безбедноста.

Руски воени авиони го прекршија турскиот воздушен простор во два случаи во текот на викендот, предизвикувајќи остри протести на сојузниците на Турција во НАТО. Како одговор Турција крена свои борбени авиони Ф-16 и испрати протесна нота до амбасадорот на Русија.

Слични содржини