Девет лица се повредени, од кои две малолетни, откако рингишпил паднал во близина на херцеговскиот град Посушје, јавуваат босанските медиуми.

– Две лица се уапсени под сомневање дека направиле кривично дело, предизвикување општа опасност – вели портпаролот на полицијата во Западнохерцеговска жупанија, Дражен Бошњак.

Според него, повредите што лицата ги добиле при падот на рингишпилот, не се опасни по живот.

Поради тоа што условите за увид вчеравечер биле несоодветни, увидот е направен утринава, во присуство на дежурниот жупански обвинител и на полициската управа на Посушје./Meта

Слични содржини