ДИК го усвои извештајот за кој добија податоци од регистарот на државјани на МВР според кој Македонија има еден 1.958.844 полнолетни државјани и 505.422 малолетни државјани или вкупно, 2.464.266 државјани.

dik_10.05.2016

“Бројот на гласачи во наредниот период ќе расте бидејќи сигурно дека дел од државјаните кои не се запишани во Избирачкиот список ќе добијат патна исправа или лична карта” рече членот Субхи Јакупи, кој е од редовите на ДУИ од ДИК.

Тој рече дека кога странски делегации прашуваат како е можно да има толку многу гласачи, одговорот е дека едни се податоците во Пописот на населението, а сосема нешто друго се податоците за бројот на државјани.

Слични содржини