Рече дека сам си ја донел сам и да си ја повлече до четврток пред да се случат нереди mkd-4229

Претседателот Ѓорѓе Иванов, вечерва добил сериозна порака од амбасадорите во земјава, до четврток на пладне да објави дека ја повлекува во целост одлуката за аболиција (помилување), и со тоа да стави крај на протестите кои траат повеќе од една недела, испровоцирани од неговата одлука, пренесе Сведок.

бејлиВаквата порака, тврди дипломатски извор за Сведок, јасно и конкретно му била кажана на средбата со него, на која присуствуваат ЕУ амбасадори, предводени од Аиво Ораф, шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Бејли и Орав уште еднаш се сретнаа со Иванов

Притисокот врз Иванов мора да влоди со плод пред протестите кои се закажани за в четврток и од „Протестирам“ и контра протестот на ГДОМ.

Безбедносните проценки биле дека в четврток можни се сериозни инциденти и единствен спас за намалување на тензиите е Иванов повторно, како што објави дека сам ја донел одлуката, сам и да ја повлече.

Кабинетот на Иванов вечерва издаде соопштение во кое се вели дека :

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења и информации за политичката криза во Република Македонија. Во тој контекст, претседателот Иванов ги запозна амбасадорите со мотивите и целта која сака да ја постигне со одлуката за помилување – ослободување од гонење, без спроведување на постапка, како и со контекстот и сите аспекти поради која е донесена одлуката.

Амбасадорите ги изнесоа позициите и загриженоста на државите кои ги претставуваат во врска со одлуката и политичката криза.

На средбата беа разгледани и состојбите со мигрантската и безбедносната криза, како и предизвиците кои од нив произлегуваат, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов

Слични содржини