Додик: Ердоган е голем државник, но не треба да се меша во внатрешните односи на БиХ

од Vladimir Zorba

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека нема проблеми со посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Сараево, но дека тој не треба да се меша во внатрешните работи на Босна и Херцеговина.

– Ердоган е голем државник на една голема земја, и сè е во ред до тој момент додека не почувствуваме дека претставниците на таа земја се обидуваат на некој начин да се вклучат во внатрешните односи на БиХ. Тоа е местото каде треба да се прекине и да се каже дека е неприфатливо, рече Додик.

Тој додаде дека допрва ќе се види какви последици ќе има посетата на турскиот претседател на БиХ.

Слични содржини