Македонците кои живеат во Хрватска утре напладне (сабота) пред македонската амбасада во Загреб ќе организираат сатиричен протест против помилувањето насловен како „Општа Аблоција 2.0“

zg-e1463757577355

Протестот кој го организира Граѓанската иницијатива на Македонците во Хрватска, ќе започне во 11 часот на плоштадот Жртви на фашизмот и потоа ќе продолжи кон македонската мабасада, пред која ќе се предаваат молби за помилување кои потоа ќе се закачуваат на жица за да на крајот бидат ставени во коверт и оставени пред амбасадата.

Од Граѓанската иницијатива на Македонците во Хрватска сметаат дека процесот на помилување е нецелосен и слабо реализиран и дека се уште има простор да се аболицираат нови луѓе, и затоа преку мотото „Дојдете да ве помилуваме“ ги повикуваат сите Македонци кои живеат во Хрватска, како и сите оние кои би сакале да бидат помилувани да присуствуваат на утрешниот протест.

Повеќе информации за протестот на официјалниот настан на Фејсбук.

Слични содржини