Филтри место финти“, „Уа дрводечачи“, „Шо праиме со воздухов?“ се дел од пораките кои ги испратија граѓаните пред општинската зграда на град Скопје на протестот со кој бараат почист воздух во градот., скандираат присутните.

12404335_10208220177050788_1707796023_n

„Истече времето за статистики и анализи. Граѓаните бараат чист воздух сега“, порачаа пред присутните активисти од „Skopje smog alarm“ кои повикаа за почитување на едно од основните човекови права загарантирани со устав – чиста животна средина.

12404678_10208220178490824_1216145104_n

Организаторите потсетија дека настанот е граѓанска иницијатива која се оградува од секакво политичко влијание чија цел е „пренесување на пораката дека не прифаќаме и не се помируваме да дишеме загаден, канцероген воздух како и покренување на свесноста на граѓаните за степенот на штетност на загадениот воздух“.

12395370_10208220416616777_738492081_n-702x336

Протестот „Стоп за загадувањето на воздухот“ го 0организираат иницијативата на еко-активисти „Skopje Smog Alarm“ и граѓанска иницијатива „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“, поддржани од неколку иницијативи и граѓански здруженија.

Слични содржини