Творечката пауза на британската момчешкa група One Direction може да биде подолга отколку што се претпоставуваше. Според последните информации бандата нема да се собере повторно пред 2020 година, пишува  “Дејли стар”.a9aadc7bfb3596e68fac1d81978fa490

Хари Стајлс и останатите музичари од составот ветија дека ќе се вратат по едногодишна пауза. Но, по сè изгледа дека тие ќе се разделат со публиката за многу подолго време.

Засега момците од One Direction дури и не си помислиле повторно да пеат заедно и се радувале на слободата и на недостатокот на обврски. Работите се влошуваат и од фактот дека Хари Стајлс и Луис Томлинсон не зборуваат и тензиите меѓу нив растат.

На повторното формирање на групата пречат и плановите на Хари Стајлс да стане светска мегаѕвезда во музиката и филмот. Американскиот менаџер на Стајлс Џефри Азоф му рекол на Хари дека тој треба задолжително да сними соло албум пред дури и да помисли за враќање во групата.

Слични содржини