Демократска Унија за Интеграција упати писмо до претседателот Ѓорѓе Иванов. Во него интегративците пишуваат:

download

“ДУИ како потписничка на Скопскиот Договор за излез од политичката криза ви се обраќа со барање да ја разгледате уште еднаш вашата одлука за Аболиција од 13 Април 2016 година и да искажете јасна политичка определба за повлекување или поништување на истата.

Горенаведената одлука директно задира во реформскиот процес започнат со политичкиот договор од 2 Јуни 2015 како и Протоколот од 15 Јули 2015 и затоа бараме да ја разгледате истата и во најкус можен рок да донесете политичка одлука за надминување на ново настаната ситуација како и да се изнајде правен начин за да се реализира горенаведенето барање.

Демократската Унија за Интеграција останува посветена на целосната имплементација на Скопскиот Договор и реформската агенда.”

Слични содржини