kombe

Двајца демонстранти се приведени во полициската станица Пролет. Според првичните информации тоа се демонстранти учесници од Шарената револиција, кои пуштаат музика на протестите и го управуваат возилото пикап. Во овој момент пред полициската станица Пролет се собира поголема група на граѓани – активисти, кои во знак на поддршка се пред објектот.

Инаку, за сега е познато името на приведеното лице Н.П, родено 1962 година, кое било пресретнато  во близина на Градската болница.

Според активисти кои учествуваа во вечерашниот протест на Шарената Револуција приведен е возачот кој го предводи  маршот на Шарената револуција со комбе. Според нив запленето е и возилото, но засега од МВР не соопштуваат детали.

 

 

Слични содржини