Откако Џастин Теру и Џенифер Анистон конечно си рекоа “да” по неколку години свршувачка, сега актерот вели дека се чувствува различно по свадбата со холивудската ѕвезда.4d6ae7ef97fb4ec62bc6525b5f3274db

44-годишниот Џастин, кој стапи во брак со актерката за време на тајна церемонија во почетокот на овој месец, открива дека е “многу среќен”. Освен тоа Теру издава дека ја обожава Џен да го нарекува “мојот сопруг”.

“Бракот ме тера да се чувствувам поинаку. Многу сум среќен. Убаво е да погледнам надолу и да вго идам новиот скапоцен камен на раката “, открива актерот пред списанието People.

Откако си рекоа “да”, Џастин и Џенифер заминаа на меден месец на островот Бора Бора во друштво на блиски пријатели.

Слични содржини