Оваа недела се одржаа 87-те годишни награди на Филмската академија. Делењето на ” Оскарите “е најпрестижниот и чекан настан во светот на филмот.fc6e046cf6e5a7fb6c37d213aecf386e

На него присуствуваа најпопуларните актери и актерки, иако секоја година барем неколку од нив ја пропуштаат церемонијата.

Оваа година Џенифер Лоренс се приклучи кон групата на “отцепените” и претпочиташе да се прошета по улиците со своето куче , наместо по црвениот тепих.

Додека,  ѕвезди како Џулијан Мур и Еди Редмејн ги добиваа своите награди, добитничката на “Оскар” била забележана во друштво на нејзиното домашно милениче во Бостон .

Со отсуството 24-годишната актерка ги разочара фановите кои очекуваа да видат дали за трета година по ред ѕвездата ќе успее да падне за време на “Оскарите” .

Во 2013 година Џенифер Лоренс се сопна пред да ја прими наградата за најдобра актерка за улогата во филмот “Прирачник за оптимист”. Минатата година актерката исто така, падна, но овој пат на црвениот тепих.

Слични содржини