Eдмон Темелко доби 30-дневен притвор

од Vladimir Zorba

Основниот суд во Скопје го прифати барањето на Специјалното обвинитество и му определи 30-дневен притвор на градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, јавува телевизија Алсат-м. Тој е обвинет во случајот Титаник за изборни нерегуларности сторени за време на локалните избори во 2013 година.

Неофицијално се дознава дека и покрај тоа што имал забрана да не ја напушта Македонија, Темелко во изминатиот период неколку пати ја минал границата, користејќи албански исправи за идентификација.

Во споменатиот судски случај на специјалното обвинителство се обвинети и неколку други политичари. Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.

Слични содржини