(Видео) Едмонд Темелко од вчера е во затворот во Шутка

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко вчера по распитот во полициската станица Беко во Скопје беше спроведен во Истражниот Затвор Скопје.

При транспортот од полицската станица во затворот, Темелко изјави дека сам се пријавил на полицијата, откако по него беше распишана централна и меѓународна потерница.

– Никој не ме уапси, сам се пријавив, рече Темелко пред полициската станица Беко.

Тоj е обвинет во случајот Титаник на СЈО, а Основиот суд Скопје 1 изрече мерка притвор во траење од 30 дена. СЈО утврдило дека обвинетиот Темелко не ги почитувал мерките за редовно јавување во судот, па била побарана построга мерка. Тој иако имал забрана да не ја напушта Македонија, неколку пати ја поминал границата со албанска лична карта./извор а1он

Слични содржини