Непознато лице изутрината фрлило рачна бомба во центарот на северниот дел на Митровица при што е предизвикана материјална штета.

Експлозијата се случила пред објект кој е во сопственост на Горанец, потврди полицијата. Бомбата предизвикала оштетување на осум автомобили кои биле паркирани во околината.

Во тек е истрага на полицијата, а покрај припадници на полицијата присуствуваат и припадници на КФОР. Мотивите и сторителот засега не се познати.

Слични содржини