Ердоган и Путин разговараа за наводниот хемиски напад во Идлиб

од Vladimir Zorba

Претседателите на Турција и на Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин разговараа за наводниот напад со хемиско оружје во Идлиб, кој е под контрола на сириските бунтовници, соопштија денеска извори блиски до турскиот претседател.

Според здраствените работници и набљудувачите, во нападот, за кој се верува дека е изведен од сириски воени авиони, загинале најмалку 58 луѓе, меѓу кои 11 деца помлади од осум години.

– Ердоган се осврна на употребата на хемиско оружје кон цивилите во Идлиб. Тој истакна дека таквите нехумани напади се неприфатливи, изјави неименуван извор.

Ердоган и Путин го истакнале и значењето за одржување на примирје во Сирија./a1on

Слични содржини