Еве што си кажаа Ердоган и Путин по телефон

од desk3

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин имаше телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган во врска со “Турскиот тек”, пренесува Yeni Safak. Владимир Путин го информирал турскиот претседател Ердоган дека поставувањето на цевките во Црното Море започнало. Во разговорот со претседателот на Турција, рускиот претседател изјавил дека Руската Федерација е подготвена да испорачува руски гас за Јужна и Југоисточна Европа преку Турција.

Путин истакнал дека има уште прашања за прецизирање за “Турски тек”, поврзани со еколошката безбедност и точната локација на излегувањето на цевката на турска територија. Рускиот претседател истакна дека добил поддршка од Ердоган. Друга тема на разговорот меѓу двајцата претседатели била изградбата  на турската АЕЦ “Акјују”. Договорот меѓу Русија и Турција за соработка при изградбата и експлоатацијата на нуклеарката е од 2010 година, а централата треба да биде лиценцирана догодина.

Слични содржини