Македонската кошаркарска репрезентација претрпе убедлив пораз од 85:65 во првото коло од групата Ц од Евробаскет 2015. Нашите кошаркари го дадоа максимумот, но разликата во квалитет беше очигледна и Грците на крајот заслужено забележаа победа.

DAD_6042_mzt

Првата четвртина ја загубивме убедливо со 16:23, во втората и третата бевме рамноправни со 15:15 односно 19:21, а нашата игра целосно се распадна во последната четвртина којашто ја загубивме со15:26. Македонија играше храбро и конечниот резултат не реална слика на силите на теренот, неколку пати во текот на мечот нашите опасно им се приближуваа на грците на само 3-4 поени разлика.

Најефикасен играч кај победниците беше Принцезис со 18 поени, а кај Македонија и на мечот воопшто Костовски со 20, Војдан Стојановски постигна 13 поени.

Наредниот меч на ЕП нашите кошаркари го играат утре попладне, кога за противник ја имаат Холандија која денес ја совлада Грузија. Мечот против „лалињата“ започнува од 15 часот/МИА

Слични содржини