(ФОТО) Француската бајка на Џеј Ло и новиот дечко

од Vladimir Zorba

Романтичниот одмор на Џенифер Лопез и мускулестиот дечко Алекс Родригез стартува од Париз, Франција.

Двајцата очигледно си поминуваат повеќе од убаво, ако се суди според фотографиите кои ги објавиле во Инстаграм.
Џенифер покажа како таа и Алекс, уживајќи во стилски вечерни облека, се одморааат на удобен кауч. “Кога си поминуваш толку добро,  едноставно не ти е гајле …” , напиша пејачката кон фотографијата.

Следниот ден двајцата беа забележани да се шетаат во лежерна облека низ улиците на Париз, јадејќи сладолед. 47-годишната пејачка и актерка и 41-годишниот спортист не ја пропуштија и забавата крај морето, а во Антиб се качија на јахта.

Слични содржини