Илјадници Авганистанци се заглавени во Грција: тие немаат право да продолжат кон Северна Европа, но и не сакаат да се вратат во татковината. Многу од нив спијат под отворено небо и се надеваат дека Македонија наскоро ќе ја отвори границата-пишува DW.

0,,19083218_303,00

Мохамад Мохамади и седумгодишниот син патувале долго: тие избегале од родниот Авганистан во Турција, а оттаму продолжиле кон Грција. Во моментов двајцата се во Атина, но сонуваат да продолжат кон Северна Европа. Да одат во држава “, во која може да се живее”, како што вели Мохамад. Таткото и синот ги поминуваат ладните ноќи во една стара спортска сала, претворена во бегалски камп. Во текот на денот Мохамад оди до плоштадот Викторија, кој се претвори во место за средби и размена на информации меѓу бегалците од целиот свет.

Во разговор со Дојче веле 30-годишниот татко се жали дека бегалците во кампот добиваат често расипана храна. Многу од нив веќе се разболеле. Тоа е и една од причините поради кои бегалците се собираат на овој плоштад, објаснува тој. “Наоколу има авганистански продавници. Понекогаш доаѓаат и локални жители и носат нешто за јадење”, вели Мохамад со насмевка на лицето.

Реалности и соништа

0,,19084237_401,00

Многу бегалци од Авганистан преферираат да престојуваат под отворено небо на плоштадот Викторија. Алем Ајуби е еден од нив. Тој пристигнал во Грција со својата жена и нивното дете пред десетина дена. Вели дека во својата татковина бил заплашуван од талибанците. “Во Авганистан бев полицаец. Работев заедно со шефот на полицијата во Гулам Мустафа Мохсен и учествував во операцијата за апсење на еден иден бомбаш-самоубиец. Оттогаш талибанците ми се зад петиците ми и се закануваат дека ќе ме убијат”, вели 32-годишниот Алем.

Тој сонува да живее на слобода некаде во Северна Европа. Откако сепак Австрија воведе горна граница за прием на бегалци и земјите во т.н.. балкански пат го ограничија граничниот сообраќај, илјадници новодојдени мигранти се заглавени во Грција. Авганистанците воопшто немаат право да го продолжат патувањето. А на грчка територија секој ден пристигнуваат нови и нови бегалци.

0,,19083213_401,00
Во средата во Идомени на грчко-македонската граница се натрупале 10 000 мигранти и бегалци. Тие беа сместени во камп со капацитет до 2 000 луѓе. Алем Ајуби исто така поминал четири ноќи во Идомени, по што бил принуден да се врати во Атина. Во џебот има само 90 евра и не можам да си дозволи ново патување до границата. А зошто не поднесеш барање за азил во Грција? “Овде се чувствувам сигурен, но слушнав дека во Грција речиси нема работа. Подобро е да почекам и да продолжам кон Северна Европа, кога ќе ја отворат границата. Ако тоа не се случи, не ми останува ништо друго освен да поднесам барање за азил во Грција “, вели тој.

Меркел не сака повеќе бегалци од Грција

Абдула Араб и неговата сопруга си зацртале одредена цел. Тие сакаат да дојдат што е можно побрзо до Австрија. Семејството презело опасно патување од Кундуз, поминало преку Иран и Турција до Грција. Во разговор со Дојче веле Абдула вели дека ситуацијата во Кундуз сеуште е напната и опасна. “Владините сили го контролираат централниот дел на градот, но талибанците доминираа во периферијата. Насекаде беснее војна. Еден од браќата ми беше убиен во реонот на Кундуз. Тоа е и причината да го напуштам Авганистан”, раскажува тој.

0,,19086294_401,00

Веќе речиси една недела Абдула Араб и неговата сопруга престојуваат во срцето на Атина. Тука, на плоштадот Викторија, стотици бегалци и мигранти спијат под отворено небо – на валкани душеци, без пристап до санитарни јазли. Меѓу нив има многу возрасни луѓе, обележани од војната, но и мали деца и бебиња. Рано наутро оттука минуваат ѓубре. Малку по нив доаѓаат вработените на хуманитарните организации и дистрибуираат прехранбени производи и вода. Секој бегалец добива по еден сендвич, плод и шише вода.

“Не сакаме да се враќаме назад”

Во овој момент во Грција се заглавени вкупно над 20 000 новодојдените бегалци и мигранти. За да се справи со ситуацијата, грчката влада гради нови кампови со помош на армијата. Особено напната е ситуацијата на поранешниот патнички терминал на пристаништето во Пиреја. Тука на многу тесен простор престојуваат над 3 000 лица. Сара Хусени, нејзиниот маж и двете нејзини ќерки исто нашле засолниште на ова место. “Синовите се веќе во Визбаден”, вели гордо таа. Сара се надева дека нејзиното семејство ќе се собере во скоро време во Германија. “Жал ми е за децата, за моите момчиња. Сакам да ги видам повторно. Но сега слушнавме дека границата со Македонија била затворена за Авганистанци. Многу сме разочарани. Ние сакаме да живееме со семејството во Германија. Што да правам во Грција? “, вели таа.

Како и многу други авганистански бегалци, Сара живеела со години со семејството во Иран, прид да пристигне во Турција во Грција. Таа сепак воопшто нема намера да се враќа назад. “Во Иран бевме во многу тешка ситуација. Немавме документи и требаше да живееме нелегално. А тоа е сериозен проблем во оваа земја”, вели таа. Што се однесува до условите во Грција, таа претпочита да замолчи. “Ние не сме дојдени тука на јадење и пиење. Сакаме да одиме да живееме во Германија”, вели накратко таа.

Слични содржини