(ФОТО) Салма Хајек го разбива стереотипот за 50-годишна жена

од Vladimir Zorba

Салма Хајек е една од најубавите жени во светот и во тоа нема сомнеж. Иако веќе е на 50 години, мексиканската убавица изгледа неверојатно и работи многу.
Една од последните нејзини обврски е поврзана со фотосесија за списанието Rhapsody за United Airlines. Преубавата Салма позира за седницата во неколку различни фустани, кој од кој поженствени и сексапилни.

Во интервјуто за фотосесијата Салма вели дека во моментов се чувствува многу среќна и дека е затрупана со работа.
” Никогаш не сум имала толку многу работа. Луѓето ми велеа: заштеди пари, бидејќи по 30 сè е готово за тебе. А сега сум на 50 и работам повеќе од било кога. Најдобрите моменти за жените се во средината на 30-тите години и потоа. А како актерка, тоа е периодот кој е уште побогат. Сега сум ослободена од стереотипот . ”

Во приватниот живот Салма исто така не може да се пожали. Актерката е мажена за милијардерот Франсоа-Анри Пино, со кого имаат и ќерка на име Валентина.
Сликите од проектот може да ги разгледате во галеријата.

Слични содржини